Бразил како „гол-машина“ пред Копа Америка! (ВИДЕО)

twitter.com/BGT_ENG

Бразил повторно се враќа на вистинските патеки, еден од кандидатите за трофејот годинава во јужноамериканското натпреварување, иако ќе настапи без Нејмар.

Дуелот во Порто Алегре го одбележа Габриел Жезус кој запиша хет-трик, а стрелци на другите погодоци беа Кутињо кој стрелаше од пенал, потоа Нерес, Фирмино и Ришарлисон.

Бразилците се подготвуваат за настап на претстојното издание на „Копа Америка“ на кое домаќини ќе бидат токму „кариоките”.

Венецуела во Синсинати беше подобра од САД (3:0), двоен стрелец беше Рондон и еднаш Саварино.

Американците треба да настапат на „Златниот куп“ на Северна и Централна Америка, на кој играат против Гвајана на 19 јуни.

Потсетување дека Бразил се наоѓа во групата A со Боливија, Венецуела и Перу. Својот прв меч ќе го имаат на 14 јуни против боливиските фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот