Браво Кико: Македонија има вицепрвак во БМУ Европскиот мотокрос шампионат

Браво Кико: Македонија има вицепрвак во БМУ Европскиот мотокрос шампионат/фото: facebook/Hristian Iliovski KIKO 90

Христијан Илиоски уште еднаш докажа зошто еден од најдобрите македонски мотокрос натпреварувачи.

Од последната трка во Романија, со која завршува БМУ Европскиот шампионат оваа сезона, Кико се враќа со четврто освоено место.

Се затвора сезоната на меѓународни натпревари, и ја става Македонија во најсилната класа од шампионатот со високо второ место како краен резултат.

– Без поддршка на мојот менаџер, моите спонзори кои веруваа од старт во мене и во моето семејство, овој успех немаше да биде реалност. Овој висок пласман го посветувам на сите мои фанови кои ми пишуваат, ме бодрат на трките и го сакаат овој спорт. Ова беше сезона на исклучително силна конкуренција и мора да бидам искрен и да кажам дека беше преголем залак за мене. Но, кога нешто се сака, границите се преминуваат со напор кој некогаш се граничи со невозможното – се зборовите на Илиоски.

Илиоски ја информираше јавноста дека ќе биде во Смолево, Битола на последната трка од македонскиот шампионат овој ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот