Бранителите реагираат: Сакаат да нѐ изедначат со тие што ја нападнаа државата во 2001 – ние ја чувствуваме за своја, за нив не сме сигурни

Фото: Слободен печат

И на 22-годишнината од масакрот кај тетовско Вејце, бранителите кај шарпланинската месност Бреза, сами си поставија скромно спомен-обележје, во чест на четворицата водници од специјалната единица „Волци“ и четворица припадници на полицијата, кои патролирајќи беа нападнати, мачени и убиени, а нивните тела беа ѕверски масакрирани од припадници на „Ослободителната народна армија“ (ОНА/УЧК)

Но, спомен-плочата на местото на нападот, на планинскиот пат кој ги поврзува селата Селце и Вејце, секоја година се краде или уништува. И сега, бранителите не се надеваат дека плочата ќе остане цела.

Фото: Слободен печат

На овој ден во војната во 2001 година, со однапред подготвена заседа беа нападнати и убиени осуммина од патролата – бранители. Денеска дојдовме да им оддадеме почит на тие кои македонската земја ја натопија со својата крв и својата жртва ја запишаа во поновата историја на Македонија, на нас бранителите ни оставија да ја чуваме Македонија во посветла иднина, истакнаа од Одборот на бранители.

Фото: Слободен печат

„Сега по 22 години, највраќајќи се на местото Бреза кај село Вејце, се прашуваме што се случи?. Во недостаток на официјални информации, се манипулира со настанот. Но, историјата ќе го даде одговорот на тоа, едно е сигурно врз бранители, терористички употребиле најсуров начин на одмазда, ваков злостор во таа 2001 година не е забележан никаде освен овде на Шара, каде нема никаков знак на сеќавање на убиените. Ќе чекаме трпеливо, еден ден тие кои кои го направиле ова, еден ден правдата ќе ги стигне, дека таа спие, но никогаш не умира. Државата ги испрати, тие ги дадоа својот живот, ретко се раѓаат лојални граѓани како нив. Денес после 22 години, бранителите се запоставени и ингнорирани во сопствената држава. Нивните деца се прашуваат зошто нивните родители ги дале нивните животот? Ова место е длабоко вмрежано во нашата колективна свет, наша должност е на овој ден да поклониме цвеќе и да се потсетиме на нив“, изјави Марин Најдов од Одборот на бранители.

Масакрот кај Вејце е дел од хашкиот предмет „Водството на ОНА“, кој заедно со четири други предмети беше вратен на одлучување во македонското судство. Но, во 2011 година, Собранието го усвои автентичното толкување на Законот за Амнестија, со кој, надвор од меѓународното право, со политички договор беа амнестирани првите луѓе на ОНА, но и други припадници на паравоената организација обвинети за измачување и убивање цивили и заробеници, за воени злосторства и злосторства против човештвото. Бранителите се револтирани што одредени политички структури сакаат да ги изедначат со УЧК, чии припадници беа амнестирани за извршените злосторства.

„Тие кои што ја напаѓаа државата добија максимум, а тоа беше амнестија, тоа е се што тие можеа да добијат. Што се случи времето ќе покаже. Многу сме незадоволни од ова што ни се случува во државата, на нас бранителите. Политичките структури нека ги бранат нивните интереси, но пред се` им е државата. Имаат обврска кон неа, а таа е светилник на сите. Ние никогаш нема да сложиме, а имаше и такви некои тенденции дури и предлози, да се изедначиме како бранители со тие кој ја нападнаа државата, тоа не може да се случи. Тоа ние нема да го дозволиме. Немаме ние против да има и да се најде начин и тие да се обештетат, но не можеме да се изедначиме оти ние оваа држава ја чуствуваме за своја, за нив не сум сигурен. Гледаме дека одредени работи пак излегуваат од контрола, ние сакаме почит во државата и не се мешаме во политичките структури. Да ги замолиме да не не притискаат, за да не разнебитат, некои политички структури нема да можат тоа да го сторат оти чуството на бранителот е над нив, тој кој бил знае, кој не бил не знае“, вели Марин Најдов од Одборот на бранители.

Инаку пред спомен плочата се поклонија бројни делегации, здруженија, преставници на полицијата, армијата и политички партии.

Фото: Слободен печат

Претходно местото го посети и Министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа објави дека поднела иницијатива, Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје за загинатите припадници на безбедносните сили кај Вејце. Но, попладнево мнозинството советници конкретно албанскиот политички блок, гласаа воздржано за иницијативата, а за оваа иницијатива гласаа само советниците од ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ.

Годишнина од масакрот кај Вејце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот