Браќата Бабунски сонуваат да играат заедно за Македонија на Светското првенство

браќа бабунски
Доријан и Давид Бабунски никогаш не играле заедно во еден момент за македонската А репрезентација/Фото: instagram.com/davidbabunski

Браќата Давид и Доријан Бабунски моментно ги бранат боите на унгарскиот клуб Дебрецин. Помладиот Доријан сезонава ја започна во Ботев Враца од Бугарија во чии редови имаше одлични настапи со 10 голови од 18 настапи по што го направи трансферот во Унгарија.

Доријан веќе има два настапи за Дебрецин, додека Давид од почетокот на сезоната има 10. Давид деветпати досега го носеше сениорскиот дрес, додека Доријан и натаму го чека дебито за националната А селекција.

Македонската сениорска репрезентација во март ќе игра полуфинале против Италија на гости во баражот за пласман на Светското првенство и доколку славиме пет дена подоцна ќе се соочиме со Португалија или Турција.

Браќата Бабунски посакуваат двајцата да бидат дел од нова историја во македонскиот репрезентативен фудбал учествувајќи заедно на Мундијалот во Катар годинава.

– Би било прекрасно да бидеме во можност да бидеме заедно во македонскиот дрес на следното Светско првенство, но ќе биде многу комплицирано бидејќи мора да ја елиминираме Италија, а потоа Турција или Португалија. Треба само да се верува – вели Доријан Бабунски во интервјуто за „sofoot.com“.

Давид исто така посакува заедно со неговиот брат да се најдат во составот на А селекцијата. И секако да продолжат да се подобруваат за да се доближат малку до најдобрата верзија од себе, како фудбалер и како човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот