Божиновски вели пораката од Заев до Пауновски е „јас сум те ставил, јас ќе те сменам“, а според Зиков рамковните вработувања се од времето на Груевски

Пораката од Заев до Стојко Пауновски е „јас сум те ставил, јас ќе ти кажам што ќе правиш“. Ставањето на функционер не значи дека тој ќе биде ваш послушник, тој треба да има интегритет, доколку таа институција има скандали или проблеми, одговорен е тој човек, но не да се разрешува за невработување на луѓе кои смета дека не се потребни, рече политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во своето гостување во емисијата „24 анализа“.

– Сега и да не го сменат Пауновски, штетата е направена, Заев ја направи штетата. Доколку именувате некој, тој треба да го оставите да си ја води институцијата, треба да му вршите контрола, но не да се меша, особено не во решенија за кои функционерот има против аргументи, рече Божиновски.

На ова, неговиот соговорник Љупчо Зиков, му одговори дека рамковните вработувања биле договорени уште во времето на Груевски.

– Рамковните вработувања, темата којашто Пауновски не сакал да ја реализира е политичка и таа во претходните десет години, во времето на Никола Груевски, е договарана меѓу Ахмети и Груевски. Сите знаеме како се одвиваше сѐ тоа во власта на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски, рече Зиков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот