Борисов вели дека ќе предложи негови „видни личности“ доколку Петков и Василев учествуваат во владата

Бојко Борисов/ Фото: Архива на Слободен Печат

Доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, ние ќе понудиме наши видни личности, како Дељан Добрев, Томислав Дончев…., изјави лидерот на коалицијата „ГЕРБ-СДС“ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, по неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори “„ПП-ДБ“, што се чинеа за плодни, затоа што е усогласена законодавната програма, а во моментов се преговара и за владината програма и личностите кои ќе бидат застапени во неа.

На овој начин, Борисов одговори на новинарско прашање дали Василев и Петков се прифатливи за ГЕРБ-СДС во евентуалниот владин кабинет, за што веќе има шпекулации по медиумите.

-Мислам дека коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ гледа дека никој не е подобро подготвен од мене да биде премиер, но јас се повлеков за да дадам шанса за влада, коментира Борисов.

Затоа, смета тој, и Петков и Василев треба да го сторат истото, за да има можност за програмски, експертски кабинет, кој врз основа на одговорност ќе раководи во следните четири години.

-Ако имаме буџет и програма, мислам дека ако ги расчистиме емоциите, ќе се договориме и за поединците, истакна лидерот на ГЕРБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот