Борисов: Поддршката за Северна Македонија била отсекогаш и таа е искажана многу пати

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN

Потстети дека Договорот овозможил да се започне да се зборува за присоедиување на земјава во Европската Унија.

Бугарија се држи до формулацијата од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, во однос на признавањето на македонскиот јазик, каде стои „официјален јазик на Република Северна Македонија, согласно нејзиниот Устав”, изјави во интервју за ТВ Сител бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Потстети дека Договорот овозможил да се започне да се зборува за присоедиување на земјава во Европската Унија.

– Ние сме државата која прва почна со Договорот за добрососедство што овозможи воопшто и да се зборува за присоединување кон ЕУ на нашите мили браќа и сестри. И второ, направивме апсолутно сè за да ги помогнеме, нешто од кое тргна процесот со Грција.

На прашањето дали ќе ја блокира земјава пред првата меѓувладина конференција пред почетокот на преговорите, Борисов одговори дека комисиите за историски и образовни прашања треба да се состанат и максимално брзо да најдат заемноприфатливи формулации за личностите и настаните кои ги поврзуваат двете земји, при што го даде примерот со Цар Самуил.

– Поддршката за Северна Македонија била отсекогаш и таа е искажана многу пати. Тоа што треба да го направиме сега е историските комисии и оние кои се занимаваат со историјата  да си ги завршат спорните теми. Фактот дека, мислам на 6 или 7 мај на Советот ќе има, на ист начин, интернет самит, на кој ќе учествуваат и лидерите на Западен Балкан. Ние и на последниот Совет зборувавме за максимална поддршка на Северна Македонија и Албанија, така што… Сè е во рацете на Македонците…., рече Борисов, повторувајќи ја принципилената поддршка на Бугарија за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Тој смета дека на Балканот има толку многу историја, за која, како што рече, „дури е и отповеќе”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот