Боки 13 денеска ќе со соочи со Рускоска

Драги Митрески

Бојан Јовановски-Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“ денеска за првпат ќе даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Во овој случај осомничени се и Зоран Милевски – Кичеец, кој веќе даде исказ и од 24 септември е во домашен притвор, и Катица Јанева која се очекува неделава да даде исказ.

Минатата недела Апелацискиот суд не го прифати барањето на Јовановски за прекин на притворот затоа што истрагата е завршена и неговата здравствена состојба е лоша. Судот оцени дека тој сè уште е во опасност да избега и да го повтори кривичното дело за кое е осомничен. Истрагата за овој случај е веќе завршена.

 

Апелацискиот суд не го прифати и барањето на Јанева за домашен притвор заради ризик од бегство.

Тројцата осомничени, според истрагата, изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да добие подобар третман во истрагата за аферата „Империја“ од Специјалното јавно обвинителство. На чело на СЈО четири години беше Катица Јанева.

Во врска со овој случај премиерот Зоран Заев рече дека до 15 овој месец очекува да биде покренато обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот