Бојмацалиев го критикува Тошковски: „Пролет” со принципот „прв дојден, прв услужен” функционираше, сега граѓаните не можат да закажат термин

Гужва за вадење документи во пунктот во ПС „Пролет“ / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во денешното гостување во ТВ21 вели дека принципот на работата на пунктот за сликање „Пролет” со „прв дојден, прв услужен“ функционираше.

„Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет” којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен”. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет” со модел „прв дојден, прв услужен”. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен” бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна” и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва”, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев потврди дека граѓаните во моментот се жалат дека Call центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет” со функционирање „прв дојден, прв услужен”.

„Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет” во режим на работа „прв дојден, прв услужен”, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа”, дециден беше Бојмацалиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот