Бојмацалиев: Добивме потврда, нашите граѓани може слободно да транзитираат Косово, Албанија и Србија

фото: Влада на РСМ, Митко Бојмацалиев, Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи во техничката Влада

Изминативе денови имаме средби со многу амбасадори, како нормална пракса при смена на раководството на институциите. Утрово имавме средба со косовскиот, албанскиот и пред малку имавме и со српскиот амбасадор. На тие средби бевме информирани дека од нивна страна луѓето можат да транзитираат, но тука ќе напоменам дека со тие земји имаме и билатерални договори за патување со лични карти,“ рече дополнителниот заменик-министер на МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Тој посочи дека дописот добиен од ЕУ, пишува дека ЕК се изјаснила дека нема надлежност да одлучува за индивидуалните постапувања на земјите членки на ЕУ односно дека секоја земја ќе одлучува самостојно.

„Доколку ЕУ и стратешките партнери одлучат и донесат одлука дека со промена на законот нема никакви негативни импликации на патот на Македонија кон ЕУ, измените на законот ќе бидат изгласани,“ истакна Бојмацалиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот