Бојан Маровиќ завршил во болница, му се слошило среде проба

Бојан Маровиќ / Фото: Фејсбук/Бојан Маровиќ

Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ имаше навистина продуктивно лето, исполнето со многу настапи и концерти ширум регионот. Но, како последица на уморот од напорната работа, пејачот завршил во болница, само половина час пред неговиот голем концерт во Петровац – град близу Будва, пишува „Курир“.

Имено, на пејачот одненадеж му се слошило за време на генералната проба за концертот и колабирал на сцената. За среќа, неговите соработници бргу реагирале и го однеле во болница.

„Сѐ е во ред. Можев да поминам и полошо. Уморен сум, ова лето е многу напорно за мене. Речиси постојано сум или на сцена или во кола. Но, сега сум добро. Благодарение на докторите, успеав да го одржам концертот и морам да им се заблагодарам во оваа прилика. Не е ништо страшно, само треба да се одморам, па нема место за грижа и паника“, изјавил пејачот за „Курир“.


Бојан Маровиќ ја стекна својата регионална популарност по учеството на музичкиот фестивал „Сунчане скале“ во 2004 година, каде ја изведе песната „Tebi je lako“, која стана голем хит. Познат е и по песните „Više te nema“ и „Neka te ljubi“.

Потресна исповед на Бојан Маровиќ: Татко ми се самоуби, ништо не укажуваше на тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот