Богдановиќ со барање до Уставниот суд за присуство на 12-та седница

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, до Уставниот Суд на РСМ поднесе барање за присуство на 12-тата седница, на која една од точките на Дневен ред е од особено значење за општината, соопштија од Општина Центар.

Како втора точка за 12-тата седница на Уставниот Суд се јавува Одлука за донесување Детален Урбанистички План Градска четврт И 04-Даре Џамбаз, Општина Центар-Скопје, донесен од Советот на Општина Центар под број 08-2925/6 од 11.06.2019 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр.11/2019).

– Точката се однесува на иницијатива поднесена од група граѓани кои пред Уставниот Суд, како суд кој е надлежен за одлучување за вакви иницијативи, e утврдената висина на објектите таму. Граѓаните од Уставниот Суд бараат да се врати на сила стариот ДУП, донесен во 2012-та година, кој ги изедначува висините на објектите на приземје + 8 ката и со тоа, дополнително го обременува просторот таму. Новиот ДУП, предложен од општината, а донесен во 2019-та година, ја враќа првичната состојба на градбите, со што ќе се задржи автентичноста и постојната состојба на подрачјето на градбите во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз, информираат од Општина Центар.

Поради важноста на иницијативата и следење на постапката, градоначалникот Богдановиќ до Уставниот Суд поднесе барање за присуство на седницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот