Богдановиќ: Максимално ги почитувавме сите протоколи (ВИДЕО)

Имавме минимален број на гости на нашата свадбена веселба, рече градоначалникот на Општина Центар, откако денеска актуелниот министер за здравство Венко Филипче упати критики по повод свадбените веселби кои се одржаа изминатиов викенд.

-Ние само го правевеме свечениот чин во цврква, кадешто максимално ги почитуваме сите протоколи, коишто ни беа кажани, од страна на црквата и луѓето коишто нормално ги прашувавме како се одвива целата организација. Имаме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме- рече Богдановиќ за Сител телевизија.

Богдановиќ доследно во духот на српската традиција даде завет пред Јелена и пред Бога (ФОТО+ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека политичарите секогаш треба да се пример за граѓаните кога станува збор за почитување на мерките, а не сред пандемија да прават свадби.

Филипче го искара Богдановиќ за свадбата во Грачаница: Политичарите треба да бидат пример

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот