Филипче го искара Богдановиќ за свадбата во Грачаница: Политичарите треба да бидат пример

Семејните веселби кои угледни македонски политичари ги направија викендов на Косово и во Турција, предизвика револт кај граѓаните пред се зошто официјално ваквите прослави во државата не се дозволени, па градоначалникот Саша Богдановиќ и поранешниот пратеник Амди Бајрам со семејствата заминаа преку граница за да ги направат.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека политичарите  секогаш треба да се пример за граѓаните кога станува збор за почитување на мерките, а не сред пандемија да прават свадби.

„Апсолутно ги осудувам свадбите кои се случија викендов. Ние сме тие кои треба да дадеме пример за граѓани, особено во услови кога секој ден имаме голем број новозаболени и болничките капацитети се полнат“, рече министерот Венко Филипче по повод свадбите на Богдановиќ и онаа во тесното семејство на Амди Бајрам.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Драма меѓу Руси и Американци во водите на Јапонското Море

И двете семејни веселби, судејќи според снимките се одвиваа без почитување на ниту една од вообичаените мерки за пандемија кои важат во сите држави: маски и дистанца.

Богдановиќ доследно во духот на српската традиција даде завет пред Јелена и пред Бога (ФОТО+ВИДЕО)

Амди Бајрам ја мажи внуката во Истанбул (ВИДЕО)

Поврзани вести

Исфрлање отпад на несоодветни локации – секојдневна појава во Скопје

Елена Вељановска

Англија, Ирска, Шкотска и Велс ги намалуваат мерките пред Божик

Илинка Иљоска

Макрон до Французите: Нова етапа ќе се отвори од сабота 28 ноември

Слободен печат

Бајден: Задоволен сум што ни дозволија транзиција на власта

Илинка Иљоска

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го осуди терористичкиот напад во Швајцарија

Илинка Иљоска

Исплатата на пензии ќе започне од 26 ноември

Слободен печат

Остави Коментар