Богдан Богдановиќ потпиша нов договор вреден 64 милиони долари

Како и што се највуваше, српскиот кошаркар, Богдан Богдановиќ потпиша нов договор со Атланта кој на сила ќе стапи од следното лето.
Богдановиќ ја продолжи соработката за четири години во кои ќе заработува 17 милиони долари по сезона, односно 64 милиони вкупно.
„Боги носи квалитет кој го бараме кај играчите на Хокс. Покрај сите одлични шутерски способности има и други карактеристи кои се од непроценлива вредност за клубот“, изјави генералниот директор на тимот Лендри Филдс.
За Богдановиќ ова е трета сезона во дресот на Атланта и во просек забележуваше 14.1 поени по натпревар. Во овој момент е на 11-то место по бројот на погодени тројки во историјата на тимот. Покрај Атланта го носеше дресот уште на Сакраменто, Фенербахче и Партизан.
Official: Bogdan Bogdanovic has agreed to a contract extension.
Read more: https://t.co/yJ4LNC6M9i pic.twitter.com/FDRtqORI9Z
— Atlanta Hawks (@ATLHawks) March 16, 2023