Бобан Илиоски на квалификациски турнир во бокс ќе „брка“ норма за пласман на Олимписките игри во Париз

фото: instagram.com/urkourko/

Македонскиот светски и европски шампион во кикбокс, Бобан Илиоски ќе биде единствен наш претставник во квалификацискиот турнир за пласман на Летните Олимписки во Париз, но ќе се натпреварува во бокс.

Кикбоксот не е застапен на Олимписките игри, па така Илиоски ќе се обиде преку боксот да се избори за настап во Париз.

Илиоски на турнирот кој ќе се одржи од 3-ти до 11-ти март во Бусто Арсизио Италија ќе се натпреварува во категоријата до 92 килограми.

„По освоените европско и светско злато 2023 во кикбокс, се се вклучуваме во боксот да обезбедиме пласман за учество на ЛОИ во Париз. Бобан не е дебитант во боксот, има учествувано на неколку професионални мечеви и во сите од нив победи, повеќето со нокаут. Тој настапи и на “Златниот гонг“ во 2016 година. По подолги размислувања,одлучивме комплетното искуство и подготвеност да го насочиме кон ново спортско натпреварување и да се обидеме да обезбедиме норма на Бобан Илиоски во бокс и можност за учество и освојување на олимписки медал во овој спорт”, изјави Дејан Митровски Урко, кој е тренер на Илиоски.

Првиот противник во квалификациите Илиоски ќе го дознае на ждрепката која е закажана за утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот