Блокада на железничкиот сообраќај во Германија, утре 24 часовен штрајк на машиновозачите

воз Германија фото МИА

Машиновозачите на германскиот железнички оператор Дојче Бан ќе штрајкуваат од утре вечер до петок навечер, соопшти синдикатот ГДЛ.

Штрајкот низ целата земја најверојатно ќе доведе до откажување на илјадници железнички патувања. Прекинот на работата се однесува на меѓуградските и регионалните возови и приградските железници во Хамбург и Берлин.

Товарните возови исто така ќе бидат стопирани со почеток во 18 часот, соопшти синдикатот.

Штрајкот доаѓа во време на напнати колективни договарања меѓу синдикатот GDL и раководството на Дојче Бан за платите и работното време. GDL бара пократко работно време за машиновозачите и значително зголемување на платите.

Дојче бан денеска го нарече повикот за штрајк „неодговорен и себичен“ и го обвини синдикатот дека им го уништил викендот на милиони редовни патници кои немаат никаква врска со преговорите.

„Наместо да преговара и да се соочи со реалноста, синдикатот на машиновозачите штрајкува поради неисполнети барања. Ова е апсолутно непотребно“, рече Мартин Зајлер, шеф за човечки ресурси во Дојче Бан.

Ова е четврти штрајк на вработените во Дојче Бан годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот