Близначиња трагично загинале откако 9 часа се заглавиле во автомобил

Полициска лента во САД/Фото Архива на Слободен Печат

Двомесечни близнаци во средата беа пронајдени мртви во автомобил на паркингот на градинката во Јужна Каролина. Властите веруваат дека тие поминале повеќе од девет часа во врелиот автомобил.

Еден од родителите ги нашол на задното седиште кратко време откако пристигнал во градинката околу 17:40 часот. Се чини дека момчињата Брајсон и Брајден МекДаниел биле во возилото од утринските часови и најверојатно починале поради изложеност на прекумерна топлина, рече на прес-конференција вештакот Надија Ратерфорд, а пренесува АП.

Момчињата претходно биле добро згрижени и биле запишани во градинка, додаде Ратерфорд.

Температурите биле над 27 степени.

„Родителите се вознемирени“, вели Ратерфорд.

Истрагата е во тек, а властите не соопштија други детали.

Ратерфорд не ги именуваше родителите, велејќи дека не сака да ги криминализира доколку се утврди дека се работи за несреќен случај.

“Не можеме да зборуваме за тоа, како и зошто децата биле оставени во возилото толку долго. Ако се покаже дека е несреќа, на семејството треба да му се даде мир. Но, ако тоа беше злосторство, ќе сториме се за да донесеме правда за бебињата “, рече Радерфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот