Блинкен: Руската инвазија на Украина може да започне за време на Зимските олимписки игри

Ентони Блинкен / Фото: EPA/LYNN BO BO

Нови руски сили продолжуваат да пристигнуваат на украинската граница, а инвазијата на Украина може да започне во секое време, вклучително и за време на Зимските олимписки игри во Пекинг, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

За време на на состанокот на групата Quad, во Мелбурн Блинкен изјави дека Вашингтон ќе продолжи да го повлекува персоналот од својата амбасада и го повтори повикот на Стејт департментот американските граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата, пренесе Ројтерс.

Quad е неформална група составена од САД, Австралија, Индија и Јапонија.

„Едноставно кажано, продолжуваме да забележуваме многу загрижувачки знаци на ескалација, вклучително и нови руски сили кои пристигнуваат на украинската граница“, рече Блинкен.

„Како што рековме претходно, ние сме во време кога инвазијата може да започне во секој момент , вклучително и за време на Олимписките игри“, додаде тој.

Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина и ги негира обвинувањата на Западот дека планира да ја нападне земјата.

Зимските олимписки игри ќе се одржуваат во Пекинг до 20 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот