Блинкен: Конфликтот меѓу Израел и Хамас може да се прошири во регионот

Ентони Блинкен / Фото: EPA/LYNN BO BO

Конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа може да „метастазира“ во регионот, предупреди американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Катар, каде што престојува во рамките на посетата на земјите од Блискиот Исток.

Тоа е конфликт кој лесно може да метастазира и да предизвика уште поголема несигурност и повеќе страдања, рече Блинкен на прес-конференција во Доха, додавајќи дека САД работат на спречување на ширење на конфликтот на Блискиот Исток.

Блинкен рече дека е „императив“ Израел да направи повеќе за да ги заштити палестинските цивили во Газа, кои мора да бидат способни „да се вратат дома“.

Палестинските цивили мора да бидат способни да се вратат дома веднаш штом ќе дозволат условите, нагласи  Блинкен.

Американскиот министер ја опиша смртта на двајцата новинари на Ал Џезира, од кои едниот работеше и за АФП, убиени денеска во напад за кој беше обвинет Израел како „незамислива трагедија“.

Тоа е незамислива трагедија“, рече Блинкен, додавајќи дека бројот на „невините Палестинци“ убиени во Газа за време на војната е исто толку голема трагедија.

За време на посетата на Блинкен на Доха, добро информиран извор за АФП изјави дека „преговорите меѓу Катар, Израел и Хамас за ослободување на заложниците на Хамас од Газа продолжуваат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот