Благи мини-пити со мед и ванила РЕЦЕПТ

Ова е одличен посен рецепт за периодот на Велигденските пости.

Се прави брзо и лесно, а потребни ви се овие состојки:

Пакување кори за баклава
Два пудинга од ванила
Шеќер (за во пудингот)
Две лажици шеќер (за преливот)
Една лажица мед
50 гр суво грозје
Масло
Ванилин шеќер

Подготовка:

Пудингот сварете го само со вода и шеќер и по желба можете да додадете ванилин шеќер. Оставете да се излади.

Секоја кора преначкајте ја со малку масло, па преклопете ја на половина. Премачкајте повторно со масло и превиткајте ја уште еднаш. Ставете од пудингот и неколку зрна суво грозје, па преклопете како триаголник.

Наредете ги триаголниците во плех за печење. Печете на 200 степени околу 30 минути. Рерната треба претходно да биде загреана.

Во тенџерче настрана ставете две лажици шеќер и полната лажица мед. Додајте 200 милилитри вода и варете додека да се згусне. Ставете од сирупот врз испечените пити со ванила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот