Бизнисменот Новински и деветмина руски свештеници во Украина санкционирани од Зеленски

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска воведе санкции за еден од најбогатите украински бизнисмени Владимир Новински и девет високи свештеници поврзани со Руската православна црква во Украина, замрзнувајќи ги нивните имоти на пет години.

Британските меидуми наведуваат дека ова е најнова во серијата мерки преземени од Зеленски против Руската православна црква, која ја поддржа руската инвазија на Украина.

Во декретот објавен на претседателската Интернет страница на Зеленски се наведува дека се воведени санкции за Новински, чие богатство пред војната украинското издание на магазинот „Форбс” го процени на меѓу 1,3 и 3,5 милијарди долари.

Новински, за кого се верува дека во моментов престојува во Германија, според британските медиуми, ја носи титулата ѓакон и во минатото спонзорирал огранок на Украинската православна црква, што наводно бил поврзан со Москва.

Санкции се изречени и за викарот на манастирот „Печерска Лавра” од Киев, Павел Лебед, како и за други свештеници од регионалните ограноци на Руската православна црква на истокот и југот на Украина.

Британските медиуми потсетуваат дека претходно неделава беа воведени санкции за 22 Руси поврзани со Руската православна црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот