Бившата сопруга на Бојко Борисов скршена од тага, не може да се помири со големата загуба

Поранешната сопруга на премиерот Бојко Борисов – д-р Стела Костова на своите пријатели на социјалните мрежи им сподели дека е скршена од тага по смртта на е едно од своите миленичиња. Оваа докторка која живее во Калифорнија, САД со години чува две кучиња – Ира и Бетина и два папагали со необични имиња Хемингвеј и Сервантес, објави  ретро.бг.

Сепак, пред неколку дена таа изгубила една од своите омилени птици „Почивај во мир, драг мој Хемингвеј. Срцето ме боли и секогаш ќе ми недостига твојата убавина, топлото свиленкасто тело, сините очи, разиграноста и песните што ме радуваа и се гордеев со тебе каков прекрасен мал папагал беше“. Таа објави и две фотографии од своето милениче:  „Фотографијата десно е сликана денеска во болница непосредно пред да запре неговото срце. Толку мало суштество, а болката од неговата смрт е голема. „Сервантес е вознемирен и ја бара неговата песна“, напиша таа.

Мајката на единствената ќерка на бугарскиот премиер Борисов важи за голем љубител на животните и е посебно грижлива кон бездомните. Таа честопати е вклучена во кампањи за спасување на кучиња и мачки скитници и редовно апелира до нејзините следбеници на социјалните мрежи да бидат полни со симпатии кон напуштените животни и да им помагаат кога можат.

Таа вели дека кога купува храна за своите кученца, мора да земе неколку пакувања вишок и за гладните животни на улиците. Д-р Костова е неразделна од нејзините кучиња Ира и Бетина, па дури и во ретките случаи кога се враќа во Бугарија, нејзините кучиња задолжително летаат со неа преку океанот.

Во Америка, таа првично работела како специјалист по својата струка – офталмологија, но подоцна дипломирала интерна медицина. Во болницата кадешто работи има големо ковид одделение и д-р Костова работи токму со овие пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот