Битолската пожарна доби нова противпожарна опрема

Фото: Слободен печат

Битолската противпожарна единица денеска доби нова современа опрема која на битолските пожарникари ќе им овозможи полесно да се справуваат со несаканите последици од пожарите.

Преку проектот „Прекугранично спречување и менаџирање со поплави и шумски пожари СОЛВЕ“, обезбедена е заштитна опрема за вработените во противпожарните единици во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар.

-Со оваа опрема се зголемува нивото на противпожарна заштита, а со овој проект ја заокружуваме регионалната политика на Владата со која во сите региони го подигнавме нивото на противпожарна заштита. Тоа го правевме со средства од Владата, од Европската унија, со средства од донации. Во Битола од Француската програма за полесно справување со несаканите последици од пожарите-рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Проектот обезбеди нова современа опрема за битолските пожарникари, конкретно кога при интервенција во урбаните подрачја.

-Проектот се реализира со финансиска поддршка од Програмата за прекугранична соработка со Грција за спречување, ублажување и менаџирање со природни катастрофи, ризици и околности. Битолската противпожарна единица доби 32 комплети интервенти заштитни одела, чизми, ракавици, шлемови за интервенции во урбаните средини. Се овозможува соодветна заштита на битолските пожарникари при нивите интервенции-рече на примопредавањето на опремата, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Битолската противпожарна единица моментно располага со 13 возила, во исправна состојба, и со 42 пожарникари со редовен работен статус.

-Во февруари имавме голем број на интервенции, заради повисоките температури, и тогаш работата наша се зголеми. Просечно на годишно ниво имаме околу 700-800 интервенции. Оваа опрема ни беше неопходна и ја добиваме во вистински момент, бидејќи често се случуваше да се снаоѓаме – изјави командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола Горан Димковски.

Инаку, Битолската локална самоуправа ќе гради нов објект на Територијалната противпожарна единица во делот на Касарната со површина од 1495 квадратни метри.

Проектот бил изготвен и предвидува 12 фази со соодветни елаборати специфични и предвидени со законската регулатива.

Општината Битола во оваа фаза од буџетот издвои 1 милион и 298 илјади денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот