Бисерка Петровиќ: Девојката на Дражен е монструм

фото: kurir.rs/nemanja nikolic

На денешен ден пред точно 27 години во страшна сообраќајна несреќа животот го загуби кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ.

Петровиќ страдаше по враќањето од полскиот Вроцлав каде го одигра последниот натпревар како репрезентативец на Хрватска против Словенија во квалификациите за ЕП.

Петровиќ одлучи во Шибеник да се врати со автомобил наместо со авион како што го сторија останатите репрезентативци.

Трагедијата се случи на 7. јуни, Дражен спиеше на совозачкото место, а во автомобилот марка „Голф“ беше и младата турска кошаркарка Хилал Едебал.

Од јачината на ударот, Петровиќ почина на лице место, додека Хилал доживеа тешки повреди на главата, а тогашната девојка на кошаркарот, Клара Шаланци помина со лесни повреди.

Клара Шаланци и Оливер Бироф/ фото: Твитер

Клара денеска е сопруга на поранешниот германски фудбалски репрезентативец Оливер Бироф, а нејзината пријателка од детството, Хилал Едебал, сè уште има ноќни мори од несреќата, не се сеќава на ниту еден детал пред сударот, а за време на рехабилитацијата помислуваше и на самоубиство.

Едебал и Клара Шаланци ги прекинаа сите контакти, а мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ, смета дека германската манекенка е вистински монтрум. Бисерка пред три години се запознала со Хилал Едебал, додека Клара ги прекинала сите контакти со неа.

– Таа е монструм, нема никакви контакти ниту со Хилал. Клара не ја посетила Хилал додека таа лежела во болница иако се долгогодишни пријателки – вели Бисерка Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот