Бионтек сака да произведува вакцина за деца од 5 до 11 години

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Германската компанија Бионтек ќе аплицира за одобрување на вакцината против коронавирусот, која ја разви заедно со американскиот фармацевтски гигант Фајзер, за употреба кај деца на возраст од 5 до 11 години, изјави извршната директорка Озлем Туречи, пренесува Ројтерс.

„Во текот на следните недели, ќе ги доставиме резултатите од нашето истражување за деца на возраст од 5 до 11 години до властите ширум светот и ќе аплицираме за одобрување на оваа вакцина во Европа“, изјави Туречи за списанието „Шпигел“.

Таа рече дека компанијата, со седиште во Мајнц, Западна Германија, започна да се подготвува за производство на вакцина за деца, која е иста како и за возрасните, но ќе се дава во помали дози.

Бионтек во моментов ги проценува податоците за помалите деца, на возраст од шест месеци и повеќе, а резултатите ќе бидат презентирани до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот