Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа е стабилна

Безбедносната состојба изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

Од МВР денеска информираат дека утрово околу 07 часот, во рамки на активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за контрола на угостителските и другите објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата „Братство и eдинство” во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа.

– Во објектот е затекнат сопственикот Р.Ф.(61) од Гостивар, кој живее во Дебар и група граѓани. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Инаку, мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, се одвиваат тековно и без проблеми, се појаснува во соопштението од МВР.

Сите правни лица кои вршат дотур, п отсетуваат од МВР, треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваат и дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините,а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Од МВР упатуваат апел до граѓаните строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, се подвлекува во соопштението, ќе бидат санкционирани согласно член 205и 206 од Кривичниот закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот