Без европски стандарди, македонските производи ќе стигнат само до Табановце!

Фото: Pxhere

Во октомври се очекува ЕК, да го објави дополнителниот план за мерките и фондовите за Западен Балкан, од кои и македонските компании ќе може да „чепнат“ за да исфинансираат нови технологии, производни процеси, еколошки стандарди… Најтешки за прилагодување и имплементирање според експертите се агросекторот и екологијата

Ако сакаат да ги наредат своите производи во европските маркети, македонските компании ќе мора да го усогласат своето работење според европските директиви. Тоа е долг, скап и тежок процес, кој бара огромни инвестиции и прилагодувања и нема „не знам и не можам, туку морам“, вели Јадранка Аризанковска, советник во Стопанската комора на Македонија. Ситуацијата е таква што од 6 кластери за ЕУ, пет се економски и за нив ќе се преговара без пардон. Условите под кои работат европските компании не се исти за нас, па затоа и СКСМ бара постепено отворање на европскиот пазар и тоа под исти услови, за да може и македонските компании да видат и да ја почувствуваат конкуренцијата.

Во октомври се очекува ЕК, да го објави дополнителниот план за мерките и фондовите за Западен Балкан, од кои и македонските компании ќе може да „чепнат“ за да исфинансираат нови технологии, производни процеси, еколошки стандарди… Најтешки за прилагодување и имплементирање според експертите се агросекторот и екологијата.

„Слободен печат“ веќе пишуваше дека ќе ни бидат потребни од 2 до 2,5 милијарди евра за заштитата на животната средина, а агроекспертите сметаат на голема сума пари за да постигнеме европски квалитет на почвата, чисто и редовно наводнување на земјоделските култури и намалена употреба на заштитни средства.Тука не влегува постојаниот и сигурен квалитет на земјоделските производи, кои како што на шега велат експертите, ќе ни бидат мерени со шублер!

– Нашата оценка е 3 од 10 и тоа е најдобриот показател за тоа каде сме во моментот од аспект на технолошка подготвеност. Ова значи дека имаме долг пат да изодиме. Роковите за имплементирање на европските директиви се стриктни, но како Комора бараме нивно продолжување. Исто така се залагаме за постепено отворање на структурните фондови за реализација на одредени инвестициски циклуси, нови процеси и еколошки стандарди. Дополнително на македонските компании ќе им бидат на располагање и фондовите во рамките на ИПА 3 програмата за конкурентност и иновативност. Се бараат и дополнителни вложувања во инфраструктурата и тоа под будното око на ЕУ за да се избегнат сите малверзации со европските пари. Во тие рамки треба да го усогласиме и работењето на нашите гранични премини во делот на признавањето на фитосанитарните сертификати и да го олесниме протокот на стоките – вели Аризанковска.

Во моментот 99 отсто од македонските компании се мирко, мали и средни, а вработуваат 74 отсто од работоспособното население, создавајќи 75 отсто од додадената вредност во македонската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот