Бесплатен превоз за навивачите до аеродром Скопје

ЈСП Скопје ќе организира бесплатен превоз за сите навивачи и фанови кои сакаат да ги пречекаат ракометните херои на аеродром Скопје. Тргнувањето кој аеродром Скопје ќе биде во 17 часот пред Југодрво.
ЈСП Скопје исто така обезбеди два двокатни автобуси со кои ракометарите ќе се возат од аеродромот до градскиот плоштад каде ќе биде главната свеченост, прославата за освојувањето на втората титула во ЛШ.

„ Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен“, објавија од ЈСП Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот