Бесими: Фискалната децентрализација значи подобри услуги за граѓаните

Фото: Радио Слободна Европа

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во вечерашната емисија „Економски магазин“ рече дека фискалната децентрализација значи подобри услуги за граѓаните, транспарентност и отчетност за тоа што плаќаат граѓаните и какви услуги добиваат.

„Идејата за понатамошно продолжување на унапредувањето на процесот на фискална децентрализација лежи токму во она во што веруваме дека фискалната децентрализација ќе значи подобри услуги за граѓаните и во оваа смисла демократизација во контекст на директна отчетност за тоа што тие го плаќаат  и услугите што ги добиваат. Нормално, ова како процес треба да биде составен дел од финансиското управување на државно ниво, што значи да се зголеми поголема транспарентност, поголема ефикасност на транспарентност и отчетност“, рече министерот Бесими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот