Во Беса не веруваат дека Владата ќе ги изгради автопатиштата на коридорите 8 и 10д

Фото: Фејсбук / Фатмир Лимани

Партијата Беса не верува дека Владата ќе го реализира проектот за изградба на коридорите 8 и 10д, кој беше дочекан со резерви во земјава откако се открија многу контроверзи.

Потпретседателот на Беса, Фатмир Лимани, во емисијата „200“ која ќе се емитува во целост вечерва на „Алсат“, вели дека ДУИ 20 години на власт не го направила проектот за канализација во Зајас, ниту го исполнила ветувањето за болницата во Кичево.

Лимани зборуваше и за наводниот незаконски стекнат имот на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други партиски функционери.

„Проект кој чини две милијарди евра ќе го спроведе партија предводена од лидер кој 20 години ветува канализација во Зајас која чини не повеќе од 200 илјади евра. И тие ќе прават проект од две милијарди евра? 20 години ја преиспитуваат фекалната канализација, нема тоалети во Зајас, најпрвин тие нека ги поправат, па тогаш ќе зборуваме за овие крупни проекти. Дали навистина мислите дека ќе реализираат проект од 2 милијарди евра, а кичевската болница за која неколку пати се издвојуваа по 1 или 2 милиони евра е претворена во штала, а сите жители на Кичево доаѓаат во Скопје или одат во странство да се лечат. Дали навистина мислите дека ќе инвестираат две милијарди евра и дека Светска банка ќе им верува, дека не ги гледа дека украле средства од Министерството за образование за издавање на книги за учениците“, вели Лимани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот