Берлин ѝ дозволи на Полска да испрати пет стари германски „Мигови“ во Украина

Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на стари германски борбени авиони МиГ-29 во Украина, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.

Полска побара одобрение од Берлин за извоз на пет стари германски авиони „МиГ-29“ од советско производство, како помош за зајакнување на воздушните сили на Украина во одбраната од руската агресија.

Полското Министерство за одбрана сѐ уште не го коментирало соопштението од Берлин.

Германија наследи 24 авиони „МиГ-29“ од поранешна Источна Германија во процесот на реобединување во 1990 година. Во тоа време, овие борбени авиони беа меѓу најнапредните во светот.

Во 2004 година, Берлин им предаде 22 од овие авиони на полските воздухопловни сили. Од преостанатите два, едниот е уништен, а другиот е во музеј.

За да може тие авиони да ги препрати во трета земја, во овој случај Украина, Полска треба да побара согласност од Берлин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Варшава минатата недела изјави дека Полска ќе помогне во формирањето на коалиција на западните сили која ќе испорачува борбени авиони на Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот