Бериша оди во притвор

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција денеска донесе одлука со која се прифаќа барањето на Специјалното обвинителство за определување засилени безбедносни мерки за поранешниот шеф на државата и експремер, Сали Бериша, актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија.

Според одлуката донесена од шефицата на судот, Ирена Ѓока, Бериша од денеска е во домашен притвор под полициски надзор, а забранета му е и комуникација со други лица, освен членови на семејството, со кои живее во станот.

Претходно судските сеанси беа одложувани на трипати, по барање на неговите адвокати, прво да се запознаат со досието а потоа со барања за изземање на судијката Ѓока. Тие денеска изјавија дека повторно, но по пошта, доставиле барање за нејзино изземање, но судот тврди дека нема ново барање.

„Одлуката на судот е очекувана и истата ќе ја обжалиме. Нашиот клиент Бериша е во неговиот стан. Недозволувањето комуникација со други лица е лишување од права и слободи за пратеник. За тоа е потребно овластување од Собранието“, рече неговиот адвокат Генц Ѓокутај.

Сепак Бериша не е повеќе пратеник, откако парламентот по барање на СПАК му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Нему претходно му беше изречена мерка задолжително јавување секој понеделник и четврток во судот, што ни еднаш не го испочитува, како и мерката забрана да ја напушта земјата.

Бериша е обвинет за „пасивна корупција“ и „злоупотреба на службената положба“ во врска со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана, во која е обвинет Јамарбер Малтези, негов зет за ќерка, кој незаконски стекнал пет милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот