Бени Ганц го доби мандатот да формира нова израелска влада

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Главниот политички ривал на Бенјамин Нетанјаху, Бени Ганц го доби мандатот од израелскиот претседател Рувлен Ривлин да ја формира новата владаретседател

Лидерот на центристичката коалиција „Сино и бело”,  Бени Ганц, од претседателот на Израел Рувен Рувлин го доби мандатот за формирање нова израелска Влада.

-Ќе направам се што е во мојата моќ за неколку дена да воспоставам патриотска влада, изјави Ганц, пренесоа британските медиуми.

Ганц ја има поддршката на 61 од 120 пратеници во израелскиот Кнесет

На неодамнешните избори во Израел најголем број гласови доби партијата Ликуд на актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, но тој не успеа да обезбеди доволна поддршка во Парламентот.

Неуспехот на Нетанјаху да стане мандатор на новата влада ќе се се одрази врз неговата политичка иднина ако се земе во предвид дека тој е обвинет за корупција.Израелското Министерство за правда соопшти дека судењето требало да започне на 17 март со читање на обвинението против Нетанјаху, но дека тоа било одложено за 24 мај.

Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за корупција беше одложен за два месеца, до мај, поради епидемијата на коронавирусот.

Израелското Министерство за правда соопшти дека судењето требало да започне на 17 март со читање на обвинението против Нетанјаху, но дека тоа било одложено за 24 мај.

Нетанјаху досега ги негираше обвинувањата за корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот