Белата куќа ги предупреди израелските политичари да не даваат непромислени и провокативни изјави

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Белата куќа коментарите на израелските политичари за повторно населување на Газа ги нарече „непромислени и запаливи“.

Израелскиот десничарски министер за безбедност Итамар Бен-Гвир апелираше до еврејските доселеници да се вратат во Појасот Газа на собирот во неделата, предизвикувајќи осуда од Палестинците, кои рекоа дека зборовите на Бен-Гвир претставуваат повик за нивна депортација од енклавата.

Изјавата на Бен-Гвир не се совпаѓа со официјалниот став на израелската влада, што го повтори и премиерот Бенјамин Нетанјаху   дека Израел нема намера да има постојано присуство во Газа кога ќе заврши војната со Хамас. Палестинската управа информира дека ваквите повици поттикнуваат принудно раселување на Палестинците и ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на регионот.

Изјавата беше осудена и од Хамас и од израелската опозиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот