Бела куќа: Има опасност руските сили да го заземат украинскиот град Авдиивка

Белата куќа во боите на Израел / Фото EPA-EFE/LUKAS COCH

Украинскиот град Авдиивка е во опасност да биде заземен од руските сили, соопшти денеска Белата куќа, повикувајќи го Претставничкиот дом на САД да одобри витална воена помош за Киев.

„За жал, добиваме извештаи од Украинците дека ситуацијата е критична, при што Русите продолжуваат да вршат притисок врз украинските позиции секој ден. Авдиивка е во опасност да падне под руска контрола“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот