Бектеши: Законот за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен на владина седница

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Фејсбук, Крешник Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети за предложениот закон за нефер трговски практики. Бектеши додаде дека се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Бектеши денеска најави дека оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани сите забелешки и коментари, за да се вградат во драфт верзијата на законот.

-Неделава ќе имаме координација со премиерот за коментарите кои ги добивме од засегнатите страни. Ќе ги разгледаме со различни институции за да ги вклопиме во финалниот драфт на законот. Ќе одржиме и последен состанок со Стопанската комора за да видиме кои ќе бидат прифатливи и можно да се вградат. Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Се работи за решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи, истакна Бектеши.

Со законот се опфатени и се регулираат 26 нефер трговски практики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот