Бектеши: Место до крајот на септември, маржите ќе бидат ограничени до крајот на годината

Пазарење производи во маркети на каса / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Ограничувањето на трговските маржи кое според одлуката на Владата требаше да биде до крајот на септември, ќе биде продолжено до крајот на годинава, изјави министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање во врска со високата инфлација.

Според одлуката на Владата, од 15-ти јуни, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, има трговска маржа до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец утврдена е трговска маржа од 10 проценти во трговијата на големо и до 10 проценти во трговијата на мало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот