Бегство од мобилизација: Двајца Руси со чамец пристигнале на Алјаска и побарале азил во САД

Алјаска/ Фото Richard Cummins / robertharding / Profimedia

Двајца Руси кои побегнале од воената мобилизација поднеле барање за азил во САД откако пристигнале на Алјаска со брод, соопштија американските власти, пренесува Њујорк Тајмс.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец прогласи делумна воена мобилизација поради војната во Украина, а Ројтерс јавува дека десетици илјади мажи избегале од Русија за да избегнат да бидат пуштени во служба.

Канцеларијата на американската сенаторка Лиза Мурковски, која ја претставува Алјаска, објави дека двајцата Руси бараат азил за да избегнат задолжителна воена служба.

Тие се пронајдени во близина на островот Сент Лоренс на Алјаска, на околу 64 километри од рускиот брег.

Гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи изјави дека две лица пристигнале од Русија со брод и се сослушани.

– Не очекуваме континуирано доаѓање на поединци или групи. Немаме индикации дека тоа ќе се случи, така што ова може да биде еднократно – рече гувернерот.

Американското Министерство за домашна безбедност потврди дека во вторникот пристигнале две лица.

– Лицата се транспортирани на сослушување, што го опфаќа и процесот на верификација, а потоа се обработени во согласност со важечките американски закони за имиграција – изјави портпаролот на министерството.

Руската амбасада во Вашингтон соопшти дека е запознаена со случајот со приведувањето на двајца руски државјани на Алјаска и дека планира наскоро да оствари телефонски разговор со двајцата државјани и да им ја пружи потребната помош, пренесува ТАС С.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот