Бебе од Јужна Африка старо два дена почина од коронавирус: Немало спас за него, мајката исто така е заразена

Детето имало проблеми со белите дробови.

Бебе старо само два дена, од Јужна Африка, почина од коронавирусот, пренесе Би-би-си.

Министерот за здравство, Звили Мкхизе, во средата вечерта потврди дека станува збор за предвреме родено бебе, чија мајка била заразена со коронавирусот.

– Новороденчето е родено со проблеми со белите дробови, кое било на респиратор за дишење, а мајката е заразена со ковид-10- рече тој.

Здравствените служби соопштија денеска дека ова е прв случај на смрт кај бебе во Африка.

Смртните случаи кај бебињата заразени со коронавирусот се многу ретки, но сепак има исклучоци.

Владата во Јужна Африка, воведе полициски час кон крајот на март, поради пандемијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот