Фото: Твитер/EFE/Brian Lawless POOL

Батлер откри какви подароци кралот Чарлс им дава на вработените за Божиќ

Грант Харолд, поранешен батлер на британското кралско семејство, откри какви подароци добивал додека работел за членовите на монархијата.

За Чарлс и Камила работел седум години и вели дека секој Божиќ добивал честитка.

„За Божиќ секогаш добивавме честитка од него. Пред да се ожени со Камила, се сеќавам дека добивавме божиќни честитки од него, Хари и од Вилијам. Секогаш беа посебни“, изјавил Харолд за британски „Мирор“.

Покрај честитките, често добивал и шеговити подароци од Чарлс.

„Освен тоа, во поштата ни испраќаше мали забавни работи. Една година ми остави лименка лосос, а друга година комплет за сол и бибер завиткани во лента. Веројатно добива многу подароци, а понекогаш и нам ни даваше некои од нив“, раскажал батлерот.

„Отсекогаш тоа го сметав за бизарно, бидејќи не очекувате такви мали нешта. Тоа ја покажува неговата забавна и практична страна. Што се однесува до вистинските подароци, тоа секогаш беа филџани за чај или чаши за виски. Една година добив прекрасен бокал за вода“. додаде тој.

Харолд открил дека и тој му дарувал подароци и честитки за Чарлс.

„Секогаш му пишував честитка и му носев подарок. Се сеќавам дека немаше смисла да му дадам нешто скапо. Тешко е да се избере кога човек има сè. Но, знаев дека сака мед, па му подарував тегла мед или колачи од мед, нешто во што знаев дека ќе ужива“, рекол Харолд.

ФОТО | И идните кралеви се луѓе: Принцот Чарлс сам си го мести креветот и се капе исклучиво во млака вода

Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот