Барселона поради поддршка за ЛГБТ заедницата изгуби скоро половина милион следбеници на Инстаграм

Фото: fc Barcelona

Барселона одлучи за време на „месецот на гордоста“ да се солидаризира и како уште неколку други клубови од европските гиганти социјалните мрежи да ги направи во боите на ЛГБТ заедницата.

Меѓутоа ваквиот потег не им се допадна на навивачите на каталонската гордост и тоа посебно беше забележано на Инстаграм профилот каде што Барселона загуби скоро половина милион следбеници, поточно 440.000 фанови.

Фото: Instagram/Sreenshot

Освен тоа имаше и фанови кои оставаа критики за раководството за ваквиот потег на останатите објави.

Од поголемите шпански клубови само Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не објавија ништо поврзано со „месецот на гордоста“, додека на праксата на Барселона ја следеа Валенсија, Реал Сосиедад, Виљареал, Осасуна, Алавес…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот