Барселона конечно го регистрира Феран Торес

Феран Торес конечно ќе може да игра за Барселона/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Сагата околу најскапото засилување на Барселона во зимскиот преоден рок, Феран Торес, конечно заврши и шпанскиот репрезентативец и официјално е нов фудбалер на каталонскиот тим.

Феран Торес на 1 јануари потпиша за Барселона, по поради големи финансиски проблеми (долговите изнесуваат 1.5 милијарди евра) и надминување на буџетот за плати, каталонскиот тим не можеше да го регистрира како засилување.

Но, со потпишувањето на новиот договор со Самуел Умтити кој ќе има помала плата, Барселона конечно успеа да го регистрира Торес кој ќе може да настапи на Ел класико и дуелот со Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот ќе се игра в сабота во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот