Балканот се стресе, земјотреси во Србија и Хрватска

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во Деспотовац, објавено е на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри западно од Бор.

Земјотресот е регистриран утрово во 9 часот и 32 минути.

Засега нема информации за евентуална штета.

Вчера во 19:23 часот слаб земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Риека, јавува ЕМСЦ.

Читателите известуваат дека почувствувале како земјата се тресе, што траело околу две секунди. Проценката на ЕМСЦ за јачината првично беше 3,1, но подоцна беше ревидирана на 2,9.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри северозападно од Риека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот