Бајден вели дека Хутите се терористичка организација која се однесува „безобразно”

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден ги нарече јеменските Хути терористичка група, откако американски и британски воени авиони, бродови и подморници извршија десетици воздушни напади низ Јемен во текот на ноќта.

Бајден рече дека Вашингтон ќе одговори на Хутите доколку продолжат со, како што рече, „безобразното“ однесување.

„Мислам дека се“, им рече Бајден вчера на новинарите на прашањето дали е подготвен да ги нарече Хутите терористичка група. „Ќе се погрижиме да одговориме на Хутите доколку тие продолжат со ова срамно однесување заедно со нашите сојузници“, додаде тој.

Белата куќа претходно соопшти дека САД не сакаат војна со Јемен, но дека нема да се двоумат да преземат дополнителни чекори. „Не е важно дали тие се етикетирани како терористи. Собравме група нации кои ќе кажат дека ако продолжат да дејствуваат и да се однесуваат како што постапуваат, ние ќе одговориме“, рече Бајден.

Тој, исто така, рече дека е загрижен за влијанието на војната на Блискиот Исток врз цената на нафтата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот