Бајден се сретна со саудискиот престолонаследникот Бин Салман

Бајден и Бин Салман/ Фото Bandar AL-JALOUD / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска пристигна во Саудиска Арабија, се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Како што јавија странските агенции, двајцата државници се поздравиле со стиснати тупаници.

Првата средба меѓу Бајден и Бин Салман се одржа во палатата на саудиското кралско семејство во западниот град Џеда и беше кратка.

За време на кампањата за претседателските избори во Соединетите Американски Држави во 2020 година, демократот ја нападна Саудиска Арабија, а особено моќниот престолонаследник, поради убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги две години претходно.

Бајден вети дека кралството ќе го направи „паријанска земја”, но по почетокот на војната во Украина, која предизвика силен скок на цените на енергијата, тој одлучи да даде нов почеток на односите со најголемиот светски извозник на сурова нафта.

По неговата средба со саудискиот престолонаследник, кој се смета за лидер на земјата, американскиот претседател беше примен од кралот Салман бин Абдулазиз.

Програмата на Бајден потоа предвидува средба со поширок круг претставници на саудиските власти, вклучувајќи го уште еднаш престолонаследникот Бин Салман.

Американските власти најавија дека претседателот Бајден ќе го покрене прашањето за човековите права, една од причините за заладените односи меѓу Вашингтон и Ријад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот