Бајден и Макрон се договорија за координирана акција против Русија

Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот француски колега Емануел Макрон во средата се согласија координирано да одговорат на руското воено присуство на украинската граница, соопшти Белата куќа.

Во телефонскиот разговор што се случи откако Макрон не ја исклучи можноста да ја посети Русија за да се најде дипломатско решение за кризата, „двајцата лидери ја потврдија поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина”, соопшти американската администрација.
Тие разговараа и за „координацијата што во моментов е во тек на дипломатско и на ниво на подготовки за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на натамошна окупација на Украина”.
„Претседателот Бајден и претседателот Макрон се договорија нивните тимови да бидат во редовен контакт, консултирајќи се и со сојузниците во НАТО и со партнерите од ЕУ, за нашиот координиран и глобален пристап за решавање на овие прашања”, се наведува во соопштението.
Од крајот на 2021 година, Западот ја обвини Москва дека собрала десетици илјади војници во близина на украинската граница за можна инвазија.
Русија одговара дека нема намера да ја нападне Украина, туку дека само е загрижена за својата безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот