Бајден: Дискретно работам на намалување на присуството на Израел во Газа

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден денеска, додека демонстрантите накратко го прекинаа неговиот говор повикувајќи на прекин на огнот во Газа, рече дека „дискретно работи“ за да го натера Израел „значително да го намали“ своето присуство на палестинската територија.

Бајден зборуваше во црквата во Чарлстон каде девет лица, вклучително и свештеник и верници, беа убиени во 2015 година во еден од најлошите расистички напади во САД.

„Ако навистина се грижите за изгубените животи овде, тогаш треба да повикате на прекин на огнот во Палестина“, извика еден од демонстрантите.

Американскиот претседател, кој го поддржува Израел, досега одбиваше да повика на прекин на огнот во Газа, бидејќи верува дека тоа главно ќе биде од корист за Хамас.

Сепак, тој се обидува да се постигне деескалација во Газа и да се спречи ширењето во Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот