Баерн ја полни касата на Јувентус

EPA-EFE/DI MARCO

Баерн Минхен се наоѓа на добар пат да ја одбрани титулата во Бундес лигата, во пресрет на последното коло имаат два бода предност пред Борусија Дортмунд. Исто така се наоѓаат во финалето на германскиот куп, но според спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ, сезоната не е успешна.

– Доколку триумфираме во Бундес лигата, тогаш на сезонава ќе и дадеме оценка 2+ – кратко одговори Салихамиџиќ.

Причината за ваквото размислување на раководните луѓе е неуспехот во Лигата на шампионите, каде беа елиминирани од Ливерпул.

Токму затоа, баварците уште сега ги започнаа подготовките за наредната сезона, и главен приоритет им е ангажман на супер ѕвезда. Изборот падна на фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала. Аргентинецот се наоѓа во немилост на тренерот Масимилијано Алегри, сезонава одигра само 39 натпревари на кои постигна 10 голови и имаше шест асистенции, премалку за фудбалер од негов ранг.

Баерн Минхен е подготвен да плати рекордни за него, 100 милиони евра обесштетување за да го донесе Дибала, и би го заземал местото на Хамес Родригез  кој ќе биде вратен на Реал Мадрид по завршување на сезоната.

Засега германскиот тим, за следната сезона договори две засилувања во одбраната, Бенјамин Павар од Штутгарт и Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид. Освежување во нападот треба да биде голгетерот на Лајпциг и на германската репрезентација, Тимо Вернер за кого се подготвени 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот