Азески: Потребен е национален консензус за извозот

Бранко Азески

Само 440 производи се со компаративни предности и тоа е една од целите која треба да се надградува, смета првиот човек на СКСМ

Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, порача претседателот на Националниот совет за извоз и на СКСМ, Бранко Азески. Посетата на компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ – Скопје 1, беше и прва активност на новоформираното тело во кое членуваат претставници на владини институции и на приватниот сектор.

– Само пет проценти од македонските компании извезуваат. Тоа е поразителна бројка – рече Азески истакнувајќи дека промената на оваа состојба е првата и основна задача на Националниот совет за извоз. Според него, многу мал број компании во нашата држава се вклучени во синџирите за снабдување на странските инвеститори, а тоа е треба да добие на интензитет. Азески оцени дека на Македонија ѝ е судено „алфа и омега за нејзиниот опстанокот да е извозот и мора да се постават приоритети што тоа ќе го поддржат.

Азески соопшти и дека само 440 производи се со компаративни предности и тоа е една од целите која треба да се надградува.

– Моја генерална оценка е дека и ние и политичките чинители во државава одиме кон определување приоритети и постигнување консензус. Клучно е да постигнеме договор околу економијата како врвен приоритет во наредните 10 години, како поддршка на извозот во наредните 10 години како клучна компонента на развојот, но и регионалната соработка – наведе Азески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот